ТИМ И ИГРАЧ НА 25.КОЛО: Мато, Мато за радост на Вардар

283

Кога ќе му се даде два гола на Пелистер среде Битола и со тие два гола ќе му се донесе победа на својот тим од 1:3, а беше 1:0 за домашните, тогаш јасно е дека си играч на “Дербито на Македонија“. А кога си најдобар на тоа дерби тогаш си и играч на колото. Тука нема дилеми, затоа Мато Касим Роџерс од Вардар е играч на ова 25.коло.

Покрај Мато од Вардар во тимот на колото е и Тодоровски, кој со двете асистенции до Мато за тие два кола исто така и тоа како е заслужен за победата на Вардар.

Тука се и Димовски и Мојсов (Тиквеш), Белица и Рушевиќ (Работнички), Осеи и Илјази (Воска), Ибраими и Алхасан (Шкендија) и Додев (Силекс).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

МАТО КАСИМ РОЏЕРС

Тим: Вардар

Роден: 10.10.2003 во Уганда

Кариера: Пролин, КЦЦА, Шанлиурфаспор, Брера, Вардар

ПретходноВејн Руни повторно се олесни надвор (ФОТО)
СледноОфицијално: Шкендија е дадена на Дисциплинска, тетовци ќе добијат максимална казна!