У19: Одличен старт – Македонија извојува победа над Литванија

235

Женската фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години со победа ги почна квалификациите од Б лигата (рунда 2) за пласман во А лигата на квалификации за Европско првенство.

Денеска во Хрватска на мечот од првото коло, избраничките на селекторот Мерко славеа со 1:0 над соодветната селекција на Литванија. Одлучувачкиот гол за победа на Македонија, всушност беше автогол на Литванките, и тоа на Сапаите во 92. минута.

На 4. април, во рамките на второто коло од турнирот, Македонија ќе игра против Ерменија, со почеток во 16:30, на стадионот Лучко во Загреб.

ПретходноМауро Икарди откри со кои фудбалери Ванда го изневерувала!
СледноГерманија е против враќањето на руските клубови на меѓународните натпреварувања!