Тренерот на Барселона, Ханси Флик, потсети дека тимот е добар само ако освојува титули. Каталонскиот гигант има 20 натпревари без пораз во сите натпреварувања и е единствениот тим во најдобрите пет европски лиги што нема пораз во 2025 година. Тимот предводен од Флик се стреми кон три трофеи оваа сезона, демонстрирајќи фудбал кој ги воодушевува навивачите.
„Гладни сме за трофеи и ќе ги бркаме до крај. Горди сме на овој тим и начинот на кој играме. Не стигнавме вака поради среќата, го заслуживме тоа. Сакам да им се заблагодарам на сите за нивната работа. Ставот на играчите е секогаш ист. Тие секогаш го даваат својот максимум и не се откажуваат. А резултатот… Ќе видиме. Тимот напредува и им кажав на играчите“, изјавил Флик.
Германскиот специјалист изјави дека неговиот тим е свесен дека ќе се соочи со Атлетико во реваншот од Копа дел Реај, за кого сезонава ова е последна шанса за трофеј.
“Купот е трофејот кој им е единствена шанса. Еден натпревар и ќе стигнат до финале… Но истото важи и за нас. Имаат искусен тренер во Диего Симеоне, кој знае да победува на вакви натпревари. Ќе биде многу тешко”, заклучи Флик.