„Шумарите“ на чекор до Лигата на Шампионите

95

Екипата на Нотингем Форест оствари нов триумф во англиската Премиер Лига совладувајќи ја екипата на Манчестер Јунајтед со 1:0. „Шумарите“ продолжуваат да го живеат сонот за европски фудбал и се на чекор до пласман во ЛШ.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна бившиот играч на Манчестер Јунајтед, Антони Еланга во 5-тата минута.

Со оваа победа Нотингем Форест се зацврсти на третото место на табелата со 57 бода, а Манчестер Јунајтед е на 13-тото место со 20 бода помалку од третопласираните „шумари“.

ПретходноПо половина век, Болоња е пред историско финале во Купот на Италија (ВИДЕО)
Следно120-минутна лудница на „Бернабеу“: Ридигер е „џокерот“ на Реал за куп-финале (ВИДЕО)