Ѓуроски поднесе барање за смена на Перо Антиќ!

778

Денеска во просториите на КФСМ и официјално е поднесено барање за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Добро е познато дека кандидат за наследник на легендарниот кошаркар и репрезентативец, е Младен Ѓуроски.

Тој заедно со иницијаторите од правен аспект имаа неуспешен обид на Редовното Годишно Собрание.

Ѓуроски денеска лично со еден претставник од клубовите го поднел барањето за Вонредно Собрание на кое ќе се гласа недоверба на Антиќ. Истото треба да биде закажано најдоцна за две недели, поточно некаде кон средина на месецот.

Перо Антиќ на чело на федерацијата дојде пред шест години на местото на Петар Наумоски.

ПретходноВо Норвешка е поинаку: За играч на мечот доби четири табли јајца!
СледноВејн Руни повторно се олесни надвор (ФОТО)