Дарко Панчев му го опрости долгот на ФК Вардар

11386

ФК Вардар е на добар пат да ги расчисите сите долгови кои биле направени од претходните раководства. Во изминатиот период првите луѓе на „црвено-црните“ исплатија милионски суми на име на должници. Дел од нив своевремено се прикажуваа како вардарци „до коска“, а ниту еден од нив не се откажа од каматите, дел од сумите или пак се понуди процесот на исплата да биде на рати, се со цел да може клубот да функционира нормално и да се одглави во време кога некој реши да го спаси најтрофејниот тим.

На списокот на Вардар за исплата е Дарко Панчев, еден од причинителите за банкротот, голем дел од долговите се во негово време.

Да не беше денеска денот на шегата информацијата дека Панчев му ги опростил долговите на Вардар немаше да биде пласирана.

Сепак е 1 април, а ваквите шеги денеска имаат смисла, бидејќи во ниту еден друг ден ова нема да се случи.

ПретходноСилесен изведен на носилки, па итно опериран (ВИДЕО)
СледноЛиверпул ќе го пушти својот универзален играч?