Лука Дончиќ изведе потег за време на натпреварот Лос Анџелес Лејкерс-Хјустон Рокетс кој брзо почна да се шири на социјалните мрежи. Кон крајот на втората четвртина тој го водеше нападот на својот тим, пред него излезе Алперен Сенгун. Турскиот центар е еден од најдобрите високи играчи во НБА, од оваа сезона е и Ол-стар играч и еден од најдобрите одбранбени играчи во најсилната кошаркарска лига во светот. Но, тоа не можеше да се види.
Дончиќ така го издибрла противникот, што изгуби рамнотежа. Коментаторот на дуелот имаше интересен коментар, „ги скрши зглобовите“.
ЛА Лејкерс славеше на мечот со 104-98, Дончиќ зад своето име запиша 20 поени, 6 скока и 9 асистенции, Леброн пак беше стрелец на 16 поени 8 скока. На другата страна Томпсон имаше 20 поени.
LUKA DONCIC ANKLE BREAKER pic.twitter.com/tyeebRFeJE
— Lakers Empire (@LakersEmpire) April 1, 2025
Резултати: Шарлот – Јута 110:106, Индијана – Сакраменто 111:109, Орландо – Л.А. Клиперс 87:96, Вашингтон – Мајами 94:120, Мемфис – Бостон 103:117, Оклахома – Чикаго 145:117, Далас – Бруклин 109:113.