Според “СпортСпорт“ тренер на колото е стратегот на Вардар, Гоце Седлоски. Како прво неговиот тим победи со 1:3 среде Битола во “Дербито на Македонија“, а како второ, и најмногу поради тоа, за изданието на неговиот тим во второто полувреме.
Се виде дека во првото полувреме, а посебно во првата фаза од тој период на играта, Вардар не беше на своето ниво. Пелистер реално беше подобар.
И тоа откако го виде, откако направи што направи во соблекувалната на паузата, Седлоски им кажа на своите играчи што треба да прават и како треба да играат ако сакаат победа.
А тие одиграа навистина добро, посебно Тодоровски и Мато, и од 1:1 дојдоа до 1:3. А беше и 1:0 за Пелистер.
Да, Мато ја донесе победата, но се виде тренерската „рака“ на Седлоски, уште еднаш.