Трогателно: “Ова е гол за мојот мал брат кој почина на денешен ден“! (ВИДЕО)

302
0

Уште во 2.минута од мечот со Лестер, напаѓачот на Манчестер Сити и репрезентативец на Англија постигна гол. Потоа рацете и погледот ги дигна кон небото, како да сакаше да прати некоја порака.

По мечот, кој Сити го доби со 2:0, Грилиш го објасни својот потег.

Ова беше гол за мојот помал брат кој почина на денешен ден. Ова е тежок ден за моето семејство“ истакна тој.

Инаку настанот се случил пред точно 25 години, на вчерашен ден, кога неговиот помал брат Килан починал кога имал само девет месец и тоа додека спиел.

Тогаш Грилиш имал само четири години и никогаш не го прежаилил својот брат.

ПретходноФОТО ВЕСТ: Вардарците Шарко и Диме навиваа за Вардар на ракометното дерби!
СледноОфицијално: Вардар се пофали со полскиот ракометар Виктор Јанковски! (ФОТО)