Баерн со пресврт до гостинска победа

110

Тимот на Баерн Минхен вечерва на потешкиот начин дојде до нови три бода во домашниот Бундес шампионат. Совладан е тимот на Аугзбург на негов терен со конечни 1:3. Во дуел во кој домаќинот преку Јанулис стигна до водство во 30. минута.

Сепак, Баерн не би бил Баерн ако не знае сосема легитимно да се снајде и во ваква ситуација, па преку Мусиала во 42. минута дојде до 1:1, а потоа во 60. минута преку Хари Кејн да дојде и до пресврт.

Конечните 1:3 се случија во последните мигови од мечот кога Матсима си постигна автогол.

Баерн секако и понатаму е лидер со 68. бода, додека Аугзбург е осми со 39 поени.

 

ПретходноЕфес ја победи Звезда среде Белград
СледноЗаноли и донесе победа на Џенова против Удинезе