Тимот на Анадолу Ефес во веројатно најважниот меч сезонава во Евролигата по едно одиграно продолжение, ја совлада екипата на Црвена Звезда среде Белград со конечни 96:97, и на тој начин си обезбеди петто место на табелата.
Клучниот момент на мечот нормално се случи во последните секунди од продолжението, кога Звезда преку Мекинтаер имаше шут за победа, но од полудистанца американецот не погоди и му дозволи на Анадолу Ефес да оствари многу значајна победа.
Реално, турскиот тим имаше ситуација и во регуларниот дел да победи, затоа што имаше контрола на резултатот во поголемиот дел од мечот, но Звезда во тој дел успеа да дојде до дополнителни пет минути.
Петрушев со 23 поени е најјефикасен на овој меч, додека кај победничкиот тим Брајант стигна до свои 21.










