По третпат во клупската историја, одбојкарките на Наковски Волеј ќе играат во финалето на Купот на Македонија. На завршниот турнир во Радовиш во рамките на полуфиналето, струмичанки со максимални 3:0 го совладаа тимот на Фит фан Волеј и се пласираа во утрешното финале.
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 3:0 (25:14,25:21, 25:18)
Поискусниот состав на тренерот Александар Митев во трите сета го диктираше темпото и не дозволи младиот скопски состав да направи изненадување. Наковски Волеј сега останува да го почека второто полуфинале меѓу Работнички и Јанта Волеј за да го дознае противникот во финалната пресметка.










