Официјално: Мбапе и Ридигер ќе играат со Арсенал, УЕФА ги казни само парично и условно!

319

Очекувано ако може така да се каже. Сепак Реал Мадрид е моќен клуб, без разлика што Дон Флорентино Перез „плаче“ и изјавува дека “кралевите“ се во немилост на УЕФА.

По денешната одлука на Дисциплинската комисија на УЕФА, очигледно дека не е така.

Имено по се она што направија по реванш мечот со Атлетико Мадрид, кога славејќи се заборавија во радоста, денеска УЕФА објави дека нема суспензии за Антонио Ридигер, Килијан Мбапе и останатите играчи на Реал кои беа под истрага.

Тоа знчи дека Германецот и Французинот ќе играат против Арсенал во 1/4 финалето во ЛШ против Арсенал.

Ридигер е казнет со 40.000 евра, Мбапе со 30.000 евра и условно се казнети со по еден меч ако го повторат делото. Себаљос е казнет со 20.000 евра а Винисиус е ослободен од секаква вина.

Тоа е тоа. Тоа е Реал Мадрид.

ПретходноЛига Нации – Ц: Македонија поразена од Летонија, ама и оштетена за недосуден чист пенал! (ФОТО)
Следно“Јуве, Интер и Сампдорија не го сакаа Марадона, затоа потпиша за Наполи“!