Куп на ОФМ: Наковски Волеј ќе се бори за куп-пехарот

157

По третпат во клупската историја, одбојкарките на Наковски Волеј ќе играат во финалето на Купот на Македонија. На завршниот турнир во Радовиш во рамките на полуфиналето, струмичанки со максимални 3:0 го совладаа тимот на Фит фан Волеј и се пласираа во утрешното финале.

НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ   3:0 (25:14,25:21, 25:18)

Поискусниот состав на тренерот Александар Митев во трите сета го диктираше темпото и не дозволи младиот скопски состав да направи изненадување. Наковски Волеј сега останува да го почека второто полуфинале меѓу Работнички и Јанта Волеј за да го дознае противникот во финалната пресметка.

ПретходноНеверојатно: Бекот на Барса настапи на 99 меча во низа, за него нема одмор!
СледноКуманово го совлада Вардар, Тадиќ забележа трипл – дабл