УЕФА го суспендира Ридигер пред Арсенал, причината е бизарна

2204

Денеска стигна неочекувана вест од Мадрид – Антонио Ридигер поради недолично однесување би можел да го пропушти првиот дуел од четврт-финалето на Лигата на шампионите со Арсенал.

Марка потсети дека Ридигер беше во делегатскиот записник бидејќи отиде предалеку при прославата на победата над Атлетико, откако го постигна решавачкиот гол и го однесе својот тим во четвртфиналето.

Покрај Ридигер, во записникот од истите причини завршија и Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Дани Себаљос, но поминаа со предупредување дека во случај на слично однесување следниот пат ќе заработат меч суспензија.

Марка тврди дека овој случај не е затворен кога е Ридигер во прашање и дека УЕФА би можела да ја соопшти конечната одлука во петок.

Наводно Германецот и претходно правел слични, непримерни гестови, поради што му се заканува суспензија од еден натпревар.

ПретходноКуп на ОФМ: Скопското дерби во фокусот на денешното женско куп-полуфинале
СледноБраво за Тиквеш и Лозари: Парите од билетите за мечот во недела ќе бидат донирани за лечење на малата Бела!(ФОТО)