+1
Одбојкарите на Штип УГД и оваа година го освоија Купот на Македонија по победата во финалето над Струмица од 3:0, а наградата за најкорисен одбојкар на турнирот ја доби токму организаторот на играта на штипјани, Давид Стојанов.
Стојанов одигра извонреден меч во финалето и сосема заслужено го доби признанието МВП.