Шкендија до крајот на сезоната дома ќе игра пред празни трибини!

380
0

Откако фановите на Шкендија направија ужасен потег пред мечот со Брера во понеделникот, кога пееја за време на едноминутниот молк за жртвите во Кочани, денеска ФФМ ги објави казните за тетовскиот клуб кои ги изрече Дисциплинската комисија.

Шкендија е казнета со вкупно 6.000 евра и пет меча без публика кога ќе биде домаќин.

Ако се знае дека тетовци до крајот на сезоната ќе игра уште петпати дома, тука го сметаме и куп мечот со Струга ТЛ во 1/2 финачето, тоа значи дека Шкендија и ако освои титула во ПМФЛ, истата ќе ја прославува без своите фанови, пред празни трибини.

Еве на кои мечеви Шкендија ќе игра пред празни трибини:

09.04.2025 – Шкендија – Струга ТЛ (КУП)

13.04.2025 – Шкендија – Воска (ПМФЛ)

27.04.2025 – Шкендија – Шкупи (ПМФЛ)

07.05.2025 – Шкендија – Работнички (ПМФЛ)

18.05.2025 – Шкендија – Силекс (ПМФЛ)

Па пак нека пејат “Балистите“ за време на едноминутен молк.

ПретходноКуманово ќе игра два меча во празна сала и ќе плати 32.000 денари
СледноКочоски и Бузалковски се претставија во одлично светло пред светскиот крем во Ле Ман!