Разочарувањето е големо: Гостивар им се извини на навивачите за лажните надежи

737

Гостивар оваа сезона ја почна со големи амбиции. Во првата полуетапа од домашниот шампионат имаше одлични резултати, а и добр апозиција во трката за титулата или место во Европа. По последниот денешен пораз од екипата на Беса, скапиот прволигашки проект не на пат да остане и без учество во европските купови следната сезона.

Вечерва на социјалните мрежи од клупското раководство јавно им се извинија на сите навивачи на клубот поради разочарувачките резултати.

„Се извинуваме што ги разочаравме нашите навивачи толку рано во сезоната, откако им дадовме надеж за титулата и квалификациите за европските купови на почетокот на сезоната!
Немаме изговори.
Немаме што да кажеме.
Ве изневеривме!
Искрено ни е жал“, напишаа од клубот.

ПретходноСлот: Фулам не е наивен, а поразот е резултат на нашите грешки
СледноМлад кошаркар на МЗТ Скопје 2 колабираше на терен (ВИДЕО)