Силекс прави шега на сопствена сметка: Од таму шутирај колку сакаш (ВИДЕО)

1011

Денеска тимот на Силекс извлече „жива глава“ што се вели во Охрид. На мечот против Воска, губеше со 1:0 преку пеналот на Адеми, за да во последните шест седум минути постигне два гола и ја однесе победата.

Клучен момент на мечот е евроголот на Илија Донов во втората минута од судиското продоление. Играчот за врска „распали“ по еден одпадок од околу двесесетина и некој метар и погоди во аголот од голот на Воска.

„Од таму шутирај колку сакаш“ е легендарната изјава на коментаторот Игор Трпевски, и онаа тројка против репрезентацијата на Македонија, но онаа кошаркарската. Сепак, истата се користи и ќе се користи при секој ваков погодок, гол од далечина. Донов секоја чест.

 

https://www.facebook.com/share/r/16BS25vS2R/

ПретходноФулам го „шокираше“ Ливерпул (ВИДЕО)
СледноБорусија Менхенгладбах со реми кај Сент Паули