Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изненадувачки добро го изведе ремито 1-1 со Бетис. Така, Каталонците не успеаја посериозно да го искористат поразот на нивниот гонител Реал Мадрид од Валенсија (1:2) и да се одлепат на врвот на табелата. Сепак, тренерот го пофали својот тим за вложениот труд и за освоениот бод.
“Им кажав на играчите дека оддалечивме уште еден натпревар од сезоната и освоивме уште еден бод. Задоволен сум што тимот даде се на теренот за да постигне уште еден гол, но не успеа. Немавме среќа пред противничкиот гол. Сепак, среќен сум од она што го видов во вториот дел.
Во вакви денови, кога не можеш да постигнеш гол, треба да го прифатиш тоа што се случи. Да размислуваме позитивно. Драго ми е што тимот се потруди. Да бидеме позитивни. Освоивме уште еден бод, веќе е април и сме во добра позиција во пласманот. Да гледаме напред”, изјави Германецот.