Алонсо: Имаат супер-атмосфера во Охрид, прават голем притисок и секогаш можат да победат против најдобрите!

172

Денеска ќе биде комплетирано второто коло во плеј-офот и плеј-аут лигата. Во фокусот се два меча. Алкалоид на домашен терен го пречекува ГРК Тиквеш, дуелот е закажан во 17 часот. Избраниците на Кирил Лазаров во минатото коло беа поразени од Вардар 1961, додека Тиквеш на домашен терен беше совладан од Пелистер. И двата тима ќе ги бараат првите бодови во плеј-офот.

Се очекува да биде интересно во СЦ „Билјанини Извори“. Таму ГРК Охрид го пречекува Пелистер, мечот е закажан во 18 часот.

Иако се фаворити на дуелот против охриѓани, тренерот на битолчани, Раул Алонсо е претпазлив.

„Се подготвуваме натпревар по натпревар, знаејќи дека сме во добра позиција. Во октмври и ноември бевме во сосема поинаква позиција, но стигнавме до првото место и имаме бод предност. Но, тоа не значи ништо. Може да не ни биде предност и мора да бидеме претпазливи и да ја браниме првата позиција секоја недела. Видовме пред неколку дена против Тиквеш. Беше тешко да се победи, бидејќи нашиот ривал силно се бореше. По полниот со натпревари февруари и нешто помирен март, сега сме пак во натпреварувачки ритам. Имаме големи очекувања, но ништо не сме освоиле. Имаме еден бод предност, но и уште девет натпревари и ќе биде тешко уште во Охрид.
Оваа екипа покажа пред седум недели дека се одличен тим, имаат супер-атмосфера во салата во Охрид, прават голем притисок и ова е еден од тимовите кои секогаш можат да победат против најдобрите. Го знаеме нивниот квалитет, ќе биде тешко, но знаеме и дека поседуваме квалитет. Секогаш сум среќен кога нашите навивачи нè бодрат насекаде. Откако сум во Битола ја чувствувам нивната поддршка, потребни ни се и нека продолжат така до крајот на сезоната“, изјави тренерот на Пелистер, Раул Алонсо. 

 

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ ОФ и АУТ – КОЛО 2
06.04.2025 – НЕДЕЛА
17:00 часот РК АЛКАЛОИД – ГРК ТИКВЕШ 2014
18:00 часот РК ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ – РК РАДОВИШ
18:00 часот ГРК ОХРИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – пренос во живо на МРТ
ПретходноТрето полувреме: Рафиња ги загуби нервите тргна кон судиите, Флик го оттурна (ВИДЕО)
СледноЈужна Африка прв противник на Македонија во БЏК купот