Аталанта тоне: Лацио замина со бодовите од Бергамо

48

Големата криза во која западна екипата на Аталанта вечерва доживеа кулминација. На домашен терен, тимот на тренерот Гасперини го претрпе третиот последователен пораз во Серија А. По неуспехот во дуелите со Интер и Фиорентина, тимот од Бергамо вечерва остана со празни раце и на дуелот со Лацио.

Римјаните иако беа без дури седум важни играчи победија со минимални 0:1 и ги однесоа бодовите од Бергамо. Моментот на одлука се случи во 54. минута од натпреварот, кога видовме мат во три потези. Голманот на гостите го проигра Деле-Баширу пред шеснаесетникот на домаќините, тој го искористи судирот на двајца противнички играчи и со глава ја упати топката за Исаксен, кој ја испрати во мрежата на Аталанта за 0:1 .

ПретходноВерстапен: Да возев за Мекларен немаше да ме видите на патеката!
СледноСлот: Фулам не е наивен, а поразот е резултат на нашите грешки