Со голот на Бариос во 93. минута од мечот, екипата на Атлетико (М) приреди комплетен пресврт на гостувањето во Севиља и славеше со 2:1 на мечот со домашниот тим, кој прв постигна гол за водство. Домашните фудбалери иако тргнаа одлично и со голот на Агуме во 7. минута веќе имаа водство од 1:0, на крајот останаа со празни раце.
Со голот од пенал на Алварез во завршницата на првиот дел, Атлетико (М) стигна до израмнување, а во второто полувреме по низата упатени удари кон домашниот гол, среќата ги посака „јорганџиите“ во судиското продолжение, кога Бариос погоди ца 1:2 и голема победа за Атлетико.
Момците на Симеоне со овој триумф останауваа три бода зад Реал и 7 бода зад Барселона во трката за титулата.