Верстапен: Да возев за Мекларен немаше да ме видите на патеката!

710

Макс Верстапен се пошегува со своите ривали од Мекларен, откако денеска славеше на Јапонското ГП.

Возачот на Ред Бул призна дека е многу среќен поради неговата победа, што во голема мера беше возможно благодарение на стартот од пол-позицијата. Според Макс, тој би победил многу полесно ако возеше во болид на Мекларен.

„Многу сум среќен и горд на нивото на кое настапувам во моментов. Во исто време ми доаѓа на ум мислата за тоа што би се случило доколку возев друг болид, на пример Мекларен? Воопшто немаше да ме видите. Дали би можел да стигнам до Токио сега? Да, точно“, изјави на шега холанѓанецот.

ПретходноПо голема битка Пелистер го победи ГРК Охрид!
СледноАталанта тоне: Лацио замина со бодовите од Бергамо