Винисиус се израмни со Роналдо по бројот на голови во дресот на Реал

83

Винисиус Жуниор се израмни со својот легендарен сонародник Роналдо по бројот на постигнати голови во дресот на Реал (М).

Денеска крилниот напаѓач постигна гол на натпреварот против Валенсија, но неговиот тим загуби со шокантни 1:2 и полека ја губи трката за титулата во Ла Лига. Бразилскиот офанзивен играч досега има 104 гола на 307 натпревари во дресот на „кралевите“. Исто толку постигна гол и Роналдо, но на само 177 меча.

Следни на листата се Родриго (68 гола на 261 натпревар) и Роберто Карлос (68 голови на 527 натпревари).

ПретходноФото на денот: БРАВО Арсими, вие сте класа за Шкендија!
СледноТешка казна за Жозе Мурињо