Дијамантот не застанува пролетва, уште еден гол на Елмас (ВИДЕО)

1933

Елиф Елмас уште една пролетва покажа дека е во топ форма. Во моментов тој и неговиот Торино го играат мечот од новото коло во Серија А во кое на домашен терен ја пречекуваат Верона.

По водството на гостите во 64. минута преку Сар, токму Елмас со прекрасен удар со лева од полудистанца успеа да израмни на 1:1 само три минути откако Верона поведе. Ако се знае дека домашните преку Адамс претходно промашија и пенал, тогаш Елмас може да се прогласи за вистински спасител на ситуацијата во моментов. На тој меч има уште десетина минути за игра.

 

ПретходноБарди со асистенција против Аланијаспор (ВИДЕО)
СледноПМФЛ 16. коло: Вардар супериорен против Брера, Силекс ја преживеа Воска, Шкендија победнички низ Кавадарци (ВИДЕО)