Доминација: Ц. Звезда ја освои рекордната 36. титула

403

Црвена Звезда стана старо-нов шампион на Србија освојувајќи ја рекордната 36. титула во фудбалскиот шампионат. „Црвено-белите“ ја совладаа екипата на ОФК Београд со 3:1 и станаа шампиони седум кола пред крајот на шампионатот.

Со оваа рекордна 36. титула, Црвена Звезда се изедначи со Реал Мадрид и Јувентус по број на освоени титули во Прва лига. Реал и Јуве исто така имаат по 36 титули во Шпанија и Италија. Вреди да се напомене и дека Звезда на импресивен начин стигна до титулата. „Црвено-белите“ станаа шампиони без ниту еден пораз и само два нерешени резултати, притоа имајќи гол разлика од +84.

ПретходноВеќе нема дилеми, Феникс го фати последниот воз за плеј-офот!
СледноЕвропски кајак куп во Велес: Спасиќ најдобар во К1