Испаднаа од Премиерлигата и испишаа анти-рекорд

210

По денешниот пораз од Тотенхем, екипата на Саутемптон и математички испадна од Премиер лигата. Покрај тоа, „светците“ поставија и нов анти-рекорд.

Избраниците на Иван Јуриќ денеска загубија од Тотенхем (1:3) и ги загубија шансите да го задржат местото во англиската врвна лига. Тие следната сезона се селат во Чемпионшип и тоа на 7 кола пред крајот на Премиер лигата. Ова е најлошиот резултат во историјата на најсилното англиско фудбалско натпреварување.

По 31 коло, Саутемптон има само 10 бода. Тој ја напушта Премиер лигата само една година по враќањето во елитата.

ПретходноАлкалоид преку ГРК Тиквеш до први бодови во плеј-офот, тројна одбрана на Кизиќ за најавни шпици (ВИДЕО)
СледноАтанасов поднесе оставка на тренерското место во Брера