Во веројатно клучниот дуел за опстанок сезонава во Серија А, тимот на Лече не успеа да ја совлада Венеција на свој терен и одигра само 1:1, со што испушти сериозно важни бодови.
Преполниот домашен стадион нормално очекуваше победа, и покрај негативата на Лече. Во 50. минута Гало си постигна автогол во обидот да расчисти една добро нафрлена топка во петерецот на домашните. Венеција дојде до предност но истата ја анулираше Басчирото со гол со кој изедначи на 1:1.
Следуваше иницијатива на домаќинот да дојде до победа, создаде две зицер ситуации но не искористи ниту една од нив.
Лече сега е 17. на табелата со 26 поени додека пак Венеција е 19. со 21. поен.