Макс Верстапен е победник на Големата награда на Јапонија. Актуелниот четирикратен шампион во Формула 1 стигна до својата прва победа оваа сезона пред двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри.
Возачот на Ред Бул успешно ја одбрани својата пол-позиција. Норис ја мина целта само секунда и пол по Верстапен, а Пиастри беше веднаш зад својот тимски колега, но Мекларен во ниту еден момент не успеа да му се закани на Верстапен на патеката.
Шарл Леклер во Ферари заврши на четвртото место. Џорџ Расел беше петти, додека младиот Кими Антонели продолжи да стекнува искуство и заврши на шестото место.
Луис Хамилтон, кој возеше на малку поинаква стратегија мораше да се задоволи со седмата позиција. Во бодовите заврши и Исак Хаџар, кој извозе одлична трка и стигна до осмото место. Алекс Албон донесе нови бодови за Вилијамс со деветтата позиција, додека Оливер Берман ја затвори првата десетка.
IT’S MAX VERSTAPPEN IN JAPAN
P1. WHAT A DRIVE#F1 #JapaneseGP pic.twitter.com/q6wfq6f9qT
— Formula 1 (@F1) April 6, 2025