Млад кошаркар на МЗТ Скопје 2 колабираше на терен (ВИДЕО)

331

На натпреварот од Втората македонска кошаркарска лига меѓу екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и екипата на Соколи, младиот кошаркар на домашната екипа, Дино Лазарев по еден силен удар во градите колабираше на теренот.

По брзата реакција на присутните медицински лица во салата, Лазарев беше изнесен од теренот, но потоа мораше итно да биде транспортиран во болница на дополнителни тестови. Последните информации велат дека тој се чувствува добро, но ќе остане под надзор и натамошни специјалистички прегледи.

ПретходноРазочарувањето е големо: Гостивар им се извини на навивачите за лажните надежи
СледноНено доби неполни 10 минути и постигна 4 поени