Денеска во Кавадарци, во меч од 26.коло во ПМФЛ, Тиквеш од 15 часот на Градскиот стадион ја дочекува Шкендија. Ова веројатно е и дерби на колото и тоа поради важноста на бодовите на двата тима, а и поради добрата форма на екипите на тренерите Ѓорѓи Мојсов и Јетон Беќири. Па, тетовци се лидери на табелата. Се најавува голема посета, овој меч ќе биде и од хуманитарен карактер, сите средства ќе одат за лечење на малата Бела Кузев.
Тиквеш сака победа, на Тиквеш му се потребни трите бода а еве за “СпортСпорт“ што најавува стратегот на кавадарчани Ѓорѓи Мојсов:
„Јасно е дека не чека тежок меч, но ние одиме на победа, и тоа трета по ред на домашен терен. Добро знаеме кој ни гостува, но со помош на кавадаречката публика и нашиот 12-ти играч „Лозари“, се надевам дека ќе ги освоиме тие три бода кои што ќе ни значат многу во продолжение од битката за опстанок. Искрено ме радува тоа што од натпревар во натпревар играме се подобро, оваа екипа на Тиквеш не заслужува да биде на ова место на табелата каде што е сега. Се надевам дека тоа ќе го докажеме на денешниот меч“ истакна шефот на стручниот штаб на Тиквеш.