Нено доби неполни 10 минути и постигна 4 поени

78

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ доби само десетина минути во поразот на неговата екипа Милано на денешниот меч кај Реџана во италијанското првенство. Милано загуби со 87-78, а Димитријевиќ за време од неполна четвртина успеа да постигна 4 поени.

Статистички, тој имаше и еден скок и уште три асистенции. Милано со овој пораз остана на петтото место на табелата во домашното првенство.

ПретходноМлад кошаркар на МЗТ Скопје 2 колабираше на терен (ВИДЕО)
СледноВеќе нема дилеми, Феникс го фати последниот воз за плеј-офот!