Лос Анџелес Клиперс уште еднаш пред своите навивачи го демонтираа Далас Маверикс, овој пат резултатот гласеше 135:103. Клиперс остварија важна победа во борбата за директен пласман во НБА плеј-офот.
Најзаслужен за убедливиот триумф на Клиперси беше Џејмс Харден со 29 поени, 14 асистенции и седум скока, Кавај Ленард имаше 29 поени, шест скока и три асистенции, додека одличниот центар Ивица Зубац имаше 25 поени (11/11 за два) и 10 скока. Прилично скромен настап на овој натпревар имаше Богдан Богдановиќ. За 22 минути игра забележа седум поени (2/3 за два, 1/2 за три), четири скока, три асистенции и една украдена топка.
Во моментов на Запад владее општо лудило. Во игра за директен пласман во плеј-офот се сите екипи од третото до осмото место. Лејкерси моментално се на третата позиција со скоро 47-30, Денвер е четврти со 47-31, а Вориорс, Минесота, Клиперс и Мемфис имаат по 46 победи.
НБА резултати: Атланта – Њујорк 105-121, Детроит – Мемфис 103-109, Филаделфија – Минесота 109-114, Мајами – Милвоки 115-121 (по продолжение), ЛА клиперс – Далас 135-104