ПМФЛ: Вардар сака и четврта победа на гости оваа пролет, скопско дерби на Чаир!

270

Попладнево од 15 часот закажани се пет средби од 26.коло во нашата елитна фудбалска лига. Вчера Струга ТЛ како домаќин славеше против Пелистер со 4:1.

Вардар гостува во Струмица, каде се среќава со Брера и вардарци не кријат дека во петтото гостување оваа пролет ја посакуваат четвртата победа. Струга ТЛ, Работнички и Пелистер беа совладани на нивни терен, само со Силекс беше нерешено. Тимот на стратегот Гоце Седлоски сака нова гостинска победа, сака и продолжување на добрата серија резултати оваа пролет.

Интересно, веќе во среда во Скопје овие две екипи ќе го играат првиот меч од 1/2 финалето во Купот на Македонија. Да потсетиме дека Вардар досега на сите натпревари оваа пролет, ги одигра осум, има само еден пораз и тоа во првото против Шкендија. Со победа денеска и дефинитивно нашиот најтрофеен клуб ќе побегне и тоа како од опасната зона на табелата.

На Чаир домашниот Шкупи го дочекува Работнички. Ова е скопско дерби, меч во кој за гостите бодовите се непходни во битката за самиот врв. Шкупи не е под таков притисок.

Во Кавадарци се најавува голема посета на средбата Тиквеш – Шкендија, дуел кој е со екстремна важност за двете екипи.

Беса како домаќин на градскиот стадион во Гостивар го дочекува истоимениот тим, а Воска игра со Силекс.

ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Скопје: Шкупи – Работнички

Гостивар: Беса – Гостивар

Охрид: Воска – Силекс

Кавадарци: Тиквеш – Шкендија

Струмица: Брера – Вардар

ВЧЕРА

Струга ТЛ – Пелистер 4:1

ТАБЕЛА

Шкендија 53, Силекс 49, Работнички 48, Гостивар 44, Струга ТЛ 42, Шкупи 32, Пелистер 29, Вардар 25, Тиквеш 22, Воска 22, Брера 21, Беса 21

ПретходноЈунајтед доби понуда од 70 милиони евра, Аморим веднаш кажа да!
СледноТрето полувреме: Рафиња ги загуби нервите тргна кон судиите, Флик го оттурна (ВИДЕО)