Рома и Јуве ги поделија бодовите во дербито

63

Екипите на Рома и Јувентус ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од 31. коло од италијанската Серија А.

Првиот дел на натпреварот беше изедначен, но сепак резултатот го отвори Мануел Локатели со гол во 40-тата минута за водство на гостите од Торино. Во второто полувреме Рома ги превзеде конците во свои раце и за само 4 минути игра преку узбекистанецот Шомуродов „волчицата“ стигна до изедначување. До крајот на мечот двете екипи имаа неколку убави шанси, но никој не успеа да ја затресе мрежата на противникот.

Со ова реми Рома се наоѓа на 7-мото место со 53 бода. а Јувентус се наоѓа на 5-тата позиција со само 3 бода повеќе.

ПретходноЛиверпул може да стане шампион на Англија една недела пред да го пречека Арсенал
СледноАморим му носи конкуренција на Онана: На „Олд Трафорд“ доаѓа голман од Чемпионшип