Тешка казна за Жозе Мурињо

234
Фото: ФЦ Фенербахче/Твитер

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција го казни тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо со суспензија од три натпревари.

По поразот од Галатасарај на домашен терен со 1:2 во четврт-финалето на Купот на Турција, Мурињо му го штипна носот на Бурук, што беше окарактеризирано како напад на Турчинот, а Португалецот е суспендиран од следните три првенствени натпревари.

Под водство на Мурињо, Фенербахче ги загуби двете големи дербија на домашен терен од Галатасарај, во првенството беше 3:1. Фенер заостанува шест бода зад Галатасарај во првенството, но има и натпревар помалку.

ПретходноВинисиус се израмни со Роналдо по бројот на голови во дресот на Реал
СледноМакс Верстапен рутински до првата победа во новата сезона во Формула 1