Тиквеш го повлече дресот со број 16 на Андреј Лазаров

153

Во тек е новото коло од ПМФЛ шампионатот, во кој во Кавадарци на Тиквеш му гостува лидерот на табелата, екипата на Шкендија.

Пред стартот на дуелот, домашниот тим и официјално го повлече од употреба дресот со број 16 со кој настапуваше трагично загинатиот Андреј Лазаров, кој страдаше во трагедијата во Кочани.

Лазаров мина добар дел од својата кариера во дресот на Тиквеш, и Кавадарци на овој начин сака уште еднаш да му оддаде почит на својот никогаш непрежален фудбалер.

 

ПретходноКонсеисао: Правиме неиспровоцирани грешки, јас сум виновен
СледноПМФЛ 26. коло полувреме: Воска единствено погоди, во Гостивар се игра на снег