Трето полувреме: Рафиња ги загуби нервите тргна кон судиите, Флик го оттурна (ВИДЕО)

454

Барселона не успеа да го искористи поразот од Реал Мадрид, иако побегна за бод повеќе.

Судијата Хил Мансано повторно покажа зошто е „персона нон грата“ во Барселона и еден од најнепопуларните судии. Во судиското надополнување, тој буквално се најде на патеката на Гави во контранапад, играчот од средниот ред на Барселона удри во него, а потоа свирна крај кога Барселона требаше да изведе уште еден корнер.

Рафиња ги загуби нервите, бидејќи останаа уште десетина секунди, но Мансано реши да не дозволи уште еден корнер на Барслеона.

Бразилецот имаше што да им каже на судиите по судискиот свиреж, Ханси Флик мораше да реагира и да се оттурне од судиите за да не добие црвен картон, а на пат кон соблекувалната Рафиња се пресмета со Тер-Штеген, кој сакаше да го смири, но овој само го оттурна.

ПретходноПМФЛ: Вардар сака и четврта победа на гости оваа пролет, скопско дерби на Чаир!
СледноАлонсо: Имаат супер-атмосфера во Охрид, прават голем притисок и секогаш можат да победат против најдобрите!