18-годишникот на Мерцедес собори два рекорди на Верстапен

122
Фото: Формула1/Твитер

18-годишниот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели со задоволство ќе ја памети Големата награда на Јапонија. Младиот Италијанец мирно ја мина целта на шестото место, но собори и два рекорди кои претходно ги држеше Макс Верстапен, победникот на Јапонското ГП и актуелен четирикратен шампион во Формула 1.

Првиот рекорд што го собори беше оној на најмладиот возач кој водел на трка. Антонели го постигна тоа со тоа што отиде во боксот последен од сите возачи од горниот дел од поредокот, па пред да застане да менува гуми беше во водство неколку круга. Верстапен за прв пат во кариерата водеше кога имаше 18 години и 228 дена, а Антонели тоа го стори четири дена помлад.

Вториот рекорд го собори Антонели веднаш по враќањето од боксот со нови гуми. Италијанецот го постави најбрзиот круг на овогодинешното Јапонско ГП и исто така стана најмладиот возач во историјата со најбрз круг на трка. Верстапен и таму беше рекордер со тоа што за прв пат го имаше најбрзиот круг на веќе 19 години.

По првите три трки од дебитантската сезона, Антонели е на петтото место во генералниот пласман со 30 бодови.

ПретходноЕнрике: Среќен сум што градам тим кој може да игра добар фудбал и да освојува трофеи
СледноЛече одигра само реми против Венеција