Борусија Менхенгладбах со реми кај Сент Паули

22

Во првиот од двата денешни дуели од Бундес лигата тимот на Борусија Менхенгладбах одигра 1:1  на гостувањето кај Сент Паули.

Гостите стигнаа до предност преку Икатура во последните моменти од првиот дел, за да сепак, домаќинот стигна до израмнување на пет минути до крајот на мечот. Херојот е Афојалан кој донесе значаен бод во битката за опстанок.

Гладбах со ова реми е шести со 44. бодови, додека пак Сент Паули е 15. со 26 бодови, четири над линијата која води во втора лига. Зад него се екипите на Хаиденхаим, Бохум и Холстен Кил.

 

ПретходноСилекс прави шега на сопствена сметка: Од таму шутирај колку сакаш (ВИДЕО)
СледноАтлетико (М) со пресврт и гол во 93. минута ги освои бодовите во Севиља