Веќе нема дилеми, Феникс го фати последниот воз за плеј-офот!

108

По комплетирање на последното коло од Првата лига познат е изгледот на табелата, а со тоа и двојките во плеј-офот.

Работнички го доби дуелот со Кожув на домашен терен со 90-80 и го освои третото место, најефикасен беше Ефремовски со 19 поени, два поени помалку запиша Дубински. На другата страна Колев запиша 22 поени.

Додека пак мечот меѓу Шкупи и Феникс кој беше во центарот на вниманието зааврши во корист на гостите со 81-85. Избраниците на Денис Дервишевиќ славеа со и  обезбедија место во плеј-офот, а го испратија Тиквеш во плеј-аут лигата. Митревски со 24 поени беше прв стрелец кај победникот, на другата страна Сила имаше 22.

Бранителот на титулата, МЗТ Скопје ќе ги одмери силите со Феникс, Работнички ќе игра против Пелистер, ТФТ ќе вкрсти со Чаир, додека Куманово ќе игра против Кожув.

Плеј-оф во Првата лига:
(1) МЗТ Скопје – Феникс 2010 (8)
(2) ТФТ Скопје – Чаир 2030 (7)
(3) Работнички – Пелистер (6)
(4) МКК Куманово – Кожув (5)

ПретходноНено доби неполни 10 минути и постигна 4 поени
СледноДоминација: Ц. Звезда ја освои рекордната 36. титула