Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски забележа добар резултат во Србија. Заврши како четврти на полумаратонот кој што се одржа денеска во Белград. Тој делницата од 21.097 километри ја истрча за време од 1 час, 7 минути и 22 секунди.
Нашиот маратонец во сериозна конкуренција од ателтичари од Африка одлично се држеше на оваа трка и заслуежено го освои одличното четврто место.
Тоа значи дека Ивановски во моментов е во одлична форма, и дека во продолжението на сезоната може да очекуваме уште подобро одработени маратони од негова страна.