По денешниот пораз од Тотенхем, екипата на Саутемптон и математички испадна од Премиер лигата. Покрај тоа, „светците“ поставија и нов анти-рекорд.
Избраниците на Иван Јуриќ денеска загубија од Тотенхем (1:3) и ги загубија шансите да го задржат местото во англиската врвна лига. Тие следната сезона се селат во Чемпионшип и тоа на 7 кола пред крајот на Премиер лигата. Ова е најлошиот резултат во историјата на најсилното англиско фудбалско натпреварување.
По 31 коло, Саутемптон има само 10 бода. Тој ја напушта Премиер лигата само една година по враќањето во елитата.