Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ доби само десетина минути во поразот на неговата екипа Милано на денешниот меч кај Реџана во италијанското првенство. Милано загуби со 87-78, а Димитријевиќ за време од неполна четвртина успеа да постигна 4 поени.
Статистички, тој имаше и еден скок и уште три асистенции. Милано со овој пораз остана на петтото место на табелата во домашното првенство.