ПМФЛ 16. коло: Вардар супериорен против Брера, Силекс ја преживеа Воска, Шкендија победнички низ Кавадарци (ВИДЕО)

2474

Екстра интересна завршница на ова 26. тековно ПМФЛ коло во домашниот шампионат. Откако вчера Струга ТЛ и Пелистер го одиграа својот меч денеска се доигра остатокот од ова коло.

Секако, многу возбудливо во Струмица каде што Вардар против Брера успеа да прокнижи уште една победа пролетва и дефинитивно да излезе од зоната за испаѓање. По оние 0:0 на полувреме, Еди Спахиу асистираше за Закариќ во 61. минута за 0:1. Во самиот финиш на мечот, Едис Спахиу во соло продор и со удар од страна ги поставува конечните 0:2 на овој меч.

Тимот на Силекс пак се „врати од мртвите„ во Охрид, каде што и покрај негативата на полувреме успеа да слави со 1:2. Адеми реализираше пенал за домашните, но Милош Николиќ во 85. минута погоди за 1:1. Илија Донов е херојот на кратовци откако погоди за 1.2 во втората минута од продолението на вториот дел.

Љатифи го стиша Кавадарци

Голема еуфорија се крена во Кавадарци пред гостувањето на Шкендија викендов но за жал тоа беше попусто. Лидерот на табелата денеска славеше против Тиквеш со 0:1, а човек на одлука беше Љатифи во 69. минута од мечот.

Беса од негатива до триумф

По екстремно лоши услови, по снег, тимот на Беса успеа со пресврт да дојде до злато вредни три бода против Гостивар. Во мечот кој беше да се биде или не Беса успеа најпрво да одбрани пенал во првиот дел, кој го промаши Каланоски, а потоа на ист начин и да дојде до водство откако Селмани погоди во второто полувреме. Шефити зголеми на 2:0, а трагичарот Каланоски успеа само да ги постави конечните 2:1, во последните моменти од мечот.

На Чаир, тимот на Шкупи не успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и одигра 0:0 против Работнички во градската пресметка.

 

 

ПретходноДијамантот не застанува пролетва, уште еден гол на Елмас (ВИДЕО)
СледноМеч за заборав на Чаир, сите задоволни со бод (ФОТОГАЛЕРИЈА)