Како на филм: Поранешен колумбиски фудбалер повреден по престрелката во еден бар! (ВИДЕО)

102

Ужасни вести доаѓаат од Колумбија. Имено во еден бар во градот Меделин при престрелка повреден е Елкин Бланко (35), поранешен фудбалер на Милионариос со кој играше во елитната лига во таа земја.

Како што се гледаод видеото, Бланко грабнал пиштол и возвратил при престрелката со разбојниците кои вршеле вооружен грабеж.

Бланко е повреден и веднаш пренесен во болница, а еден од ограбувачите починал.

Инаку претставниците на градските власти потврдија дека некогашниот фудбалер, иако е повреден сепак не е во животна опасност.

Овие сцени се како на филм.

Видеото е вознемирувачко:

ПретходноУште една магија на Лео Меси во дресот на Интер Мајами! (ВИДЕО)
СледноКилијан Мбапе: Не беше тешко да се одлучам меѓу парите и Реал Мадрид!