Прашање на ден е кога Валјадолид и официјално ќе се пресели во Сегунда, откако оваа сезона е повеќе од ужас за овој тим во Ла Лига. Она што се случи вчера, откако Гетафе како гостин победи со 0:4, станува и дефинитивно јасно дека во Валјадолид работите работите никако не се како што треба.
А дека нервозата кај играчите и тоа како е присутна, доказ е тоа што во еден момент, за време на натпреварот вчера со Гетафе, се случуваше на клупата за резерви на Валјадолид.
Имено Луис Перез во моменти на гнев го удри по раката својот соиграч Хауанми Латас. За среќа не дојде до поголем инцидент.
Сепак жално е што се случуваат вакви работи.
Погледнете го видеото и се ќе ви биде јасно:
Mululu a punto de cascarle una ostia a Latasa en el banquillo hoy contra el Getafe. Este club se va a la deriva pic.twitter.com/R9d30vWDVq
— lazo (@goldelazo3) April 6, 2025