Стоилковска и Ѓорческа со победи за триумф на Македонија против Ј.Африка!

63

Македонија во БЏГ Купот, кој се одржува во Ларнака (Кипар), стартуваше со победа и тоа против Јужна Африка. Ако се знае дека нашите девојки, Магдалена Стоилковска и Лина Ѓорческа, победија во сингл за водство на Македонија од 2:0, тогаш мечот во двојки и не е така важен.

Прво на терен искочи Стоилковска која со 2:0 во сетови беше подобра од Дона Ле Ру и тоа во гемови 6:3 и 6:0 за четириесетина минути.

Лина Ѓорческа беше подобра од Мари Луи ван Зил исто така со 2:0 во сетови а во гемови беше 6:2 и 6:1, и тоа за околу еден час игра.

Во рамките на 2.коло, нашите тенисерки утре играат против Норвешка.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧЕ ВАСИЛЕВ ОД СКОПЈЕ СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.642.577 ДЕНАРИ
СледноРубен Аморим: Можевме да го победиме Сити!