Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек (25) заработи сериозна повреда на менискусот на левото колено, поради што ќе го пропушти остатокот од сезоната, вклучувајќи го и претстојниот натпревар против Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, изјави дека повредата на Шлотербек е голем удар за тимот, потенцирајќи ја неговата важност и одличните игри досега.
Шлотербек не играше викендов во Бундеслигата, бидејќи е суспендиран и се очекуваше да ја предводи одбраната на Дортмунд против Барселона.
Шлотербек е еден од најстандардните играчи на Борусија оваа сезона, а во сите натпреварувања одигра 37 натпревари и шест асистенции.